ОПСЕРВАТОРИЈА НА МЕДИУМСКИТЕ РЕФОРМИ (ОМР)

02.03.2018

Проекти

Проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ (ОМР) има цел да придонесе во исполнувањето на Итните реформските приоритети (ИРП), како услов за пристапување на РМ во ЕУ, преку идентификување и отстранување на пречките за демократскиот развој на медиумскиот сектор. Притоа, со проектот ќе се обрати внимание и на следниве краткорочни цели:

  • Да се овозможи редовен увид на јавноста во исполнувањето на ИРП во областа на медиумите во четирите столба – реформа на јавниот сервис, пристапот до информациите од јавен карактер, навредата и клеветата и владиното рекламирање – преку мониторинг анализа и застапување;
  • Да се зајакне јавната свест во врска со ИРП и предизвиците во областа на медиумите;
  • Да се создадат можности за медиуми за информирана јавна дебата помеѓу носителите на одлуки невладините организации и надзор и медиумите.

Проектот ги информира граѓаните за процесот на исполнување на итните реформски приоритети на разбирлив начин, прилагоден за неекспертска публика, со цел граѓаните да разберат зошто се важни ИРП и како нивното исполнување ќе придонесе за подобрување на нивниот живот. Истовремено, проектот ќе даде можности за граѓаните и за граѓанските организации да придонесат во јавната дебата, преку создавање механизми и канали за нивно поврзување со медиумите и со носителите на одлуки.

Со оглед на фактот дека во приот дел од проектот (1 јули 2017 до 30 јуни 2018) поголемиот дел од започнатите реформски зафати не се финализирани, се наметна потребата од продолжување со активности кои ќе придонесат кон забрзување на процесите за исполнување на реформските приоритети.

Проектните активности ќе се спроведуваат во периодот помеѓу 1 ноември 2019 и 30 октомври 2020 година.

За зголемена видливост и транспарентност на проектот, како и за поширока комуникација со јавноста, обезбедена е медиумска поддршка од новинската агенција „Мета“ , онлајн медиумот за зголемување на отчетноста „Вистиномер“ и порталот на албански јазик „Порталб“.

Во текот на 2017-2018 година проектот беше спроведуван во партнерство со „Агора“ – Центар за промовирање на граѓански вредности и со Платформата за истражувачко новинарство (ПИНА).

Финансиската поддршка за Опсерваторијата на медиумските реформи е обезбедена од „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

mediumski-item-img-1.png

Програма за дигитален активизам

Што е програмата за дигитален активизам? Ширум светот, ширењето на дезинформации е во пораст. Стратешката употреба на онлајн дезинформациите ја поткопуваат демократијата и ги поларизираат општествата. Додека начините за борба против дезинформациите во

mediumski-item-img-1.png

Новинарство за новата генерација: Програма за медиумска обука - продолжение

Фондација Метаморфозис, во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ) а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје во периодод од септември 2023 година до јули 2024

mediumski-item-img-1.png

Систем за управување со погрешни информации и дезинформации и новинарски брифинзи

Главна цел на проектот Интегрирање на Системот за управување со погрешни информации и дезинформации во работењето на државните институции, Министерството за здравство и неговите помошни институции и обезбедување поддршка на истите да го