Програма за дигитален активизам

18.03.2024

Проекти

Што е програмата за дигитален активизам?

Ширум светот, ширењето на дезинформации е во пораст. Стратешката употреба на онлајн дезинформациите ја поткопуваат демократијата и ги поларизираат општествата.

Додека начините за борба против дезинформациите во моментов се тренд во медиумите, постојните тактики првенствено се насочени кон проверувачите на факти и новинарите, оставајќи го граѓанското општество само на себе.

Од 2018 година, Програмата за дигитален активизам на TechSoup Network има за цел да обезбеди повеќеслојна поддршка за граѓанските организации (ГО) и нивниот персонал во Централна и Источна Европа (ЦИЕ), Латинска Америка и Западна Африка. Во областа на спротивставување на дезинформациите, програмата се стреми да го зголеми нивното разбирање за прашањата поврзани со директните закани од дезинформации преку истражување, да го зајакне нивниот капацитет за справување со дезинформации, да ги зајакне нивните знаења и вмреженост во непрофитна мрежа.

Ние веруваме дека не може да се постигне напредок без пристап до технологија. Во рамките на активностите на Програмата за дигитален активизам, на граѓанските организации им се овозможува пристап до обуки и работилници, индивидуални консултации, настани во заедницата, мали грантови и пристап до технолошки решенија или алатки кои ќе им помогнат да дизајнираат ефективни кампањи за одговор кон дезинформациите.

Проектот е поддржан од Google.org и предводен од TechSoup, во тесна соработка со партнерите на TechSoup Network.

mediumski-item-img-1.png

Новинарство за новата генерација: Програма за медиумска обука - продолжение

Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ) а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје во периодот од септември 2022 година до крајот на

mediumski-item-img-1.png

Систем за управување со погрешни информации и дезинформации и новинарски брифинзи

Главна цел на проектот Интегрирање на Системот за управување со погрешни информации и дезинформации во работењето на државните институции, Министерството за здравство и неговите помошни институции и обезбедување поддршка на истите да го

mediumski-item-img-1.png

Новинарство за новата генерација: Програма за медиумска обука

Фондација Метаморфозис, во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ) а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје во период на 2023 спроведува Програма за медиумска обука.