Систем за управување со погрешни информации и дезинформации и новинарски брифинзи

01.08.2023

Проекти

Главна цел на проектот

Интегрирање на Системот за управување со погрешни информации и дезинформации во работењето на државните институции, Министерството за здравство и неговите помошни институции и обезбедување поддршка на истите да го користат поефикасно при адресирање на потребите на граѓаните.

 

Целни групи

  • Здравствени работници
  • Новинари

 

Очекувани резултати

  • Воспоставена платформа за социјално слушање и евиденција на гласини фокусирани на имунизација;
  • Воспоставено Владино експертско тело за анализа на извештаите што ќе произлезат од Системот за управување со погрешни информации и дезинформации и развивање на препораки за понатамошни активности за справување со дезинформациите поврзани со вакцинацијата во земјата;
  • Изградени капацитети за медиумско известување на тема имунизација.

 

Проектни активности

  • Воспоставување на платформа за онлајн и офлајн социјално слушање (Misinformation Management System – MMS);
  • Обука на претставници од здравствените институции за имплементација на СОП;
  • Ангажирање на комуникациски специјалисти за работа со експертското тело во подготовка на годишниот план и други документи што произлегуваат од Стратегијата за воспоставување Систем за управување со погрешните информации околу вакцинацијата во Северна Македонија и трите СОП;
  • Месечни координативни состаноци на Проектното експертско работно тело;
  • Состаноци со донесувачите на одлуки за усвојување на Стратегијата за воспоставување Систем за управување со погрешните информации околу вакцинацијата во Северна Македонија и годишниот работен план;
  • Тематски брифинзи со новинари на теми идентификувани преку Системот за управување со погрешни информации и дезинформации во работењето на државните институции;
  • Компаративен извештај со анализа на квалитетот на медиумското известување;
  • Обука за комуникација со медиуми и проверка на факти на теми од областа здравство (Дијалози со медиумите).

 

Времетраење на проектот: 19 јуни 2023 – 15 јануари 2024

 

Финансиска поддршка: УСАИД

 

Партнери на проектот: УНИЦЕФ и Министерство за здравство, Институт за јавно здравје, Кабинет на Претседателот на Владата на РСМ, Вистиномер.мк, Мета.мк, Порталб.мк и мрежа на локални медиуми

 

 

mediumski-item-img-1.png

Новинарство за новата генерација: Програма за медиумска обука

Фондација Метаморфозис, во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ) а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје во период на 2023 спроведува Програма за медиумска обука.

mediumski-item-img-1.png

Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации

Главна цел на проектот Проектот има за цел да го разоткрие влијанието на странските пропаганди преку набљудувачко новинарство и да ги искористи резултатите од истражувањето за да ја едуцира јавноста на разбирлив начин.

mediumski-item-img-1.png

Центар против дезинформации на Западен Балкан: разоткривање на опасните влијанија преку набљудувачко новинарство

  Главна цел на проектот Откривање на странско малигно влијание на Западен Балкан преку разоткривање и мапирање на протокот на дезинформации и пропаганда што потекнуваат од надворешни актери низ регионот. Специфични цели Зголемување