Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ) а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје во периодот од септември 2022 година до крајот на јули 2025 година спроведува Програма за медиумска обука.
Преку работилници, практиканства и студиска посета на САД, програмата им обезбедува на младите новинари неопходни вештини за висококвалитетно известување со користење податоци и потврдени факти, запознавање со примената на економични дигитални алатки или алатки со отворен код и поврзување со колеги со слични размислувања за размена на информации за заедничките проблеми и потенцијалните решенија. Тековните активности на проектот се засноваат на претходните итерации, кои траеше од септември 2022 до септември 2023 година и од октомври 2023 до август 2024 година.
За програмата
ICFJ и Фондацијата Метаморфозис го спроведуваат проектот во три фази, и тоа ќе вклучува:
- Три тродневни работилници за новинарство базирано на податоци и визуелизации на податоци, потоа за проверка на факти и борба против дезинформации, како и за при-банкинг (превентивно разоткривање на дезинформациите) коишто ќе се одржат во различни региони во периодот од ноември 2024 до мај 2025 г.:
- Новинарство базирано на податоци и визуелизации на податоци (13-15 ноември 2024 година во Скопје) – Право да аплицираат имаат сите граѓани на возраст од 18 до 29 години. Сите заинтересирани за првата работилница можат да аплицираат на овој линк најдоцна до 1 ноември 2024 година.
- Проверка на факти и борба против дезинформации (февруари 2025 г. – точниот датум и местото дополнително ќе се определат) – формата за апликации е веќе отворена и за втората работилница и може да се најде на овој линк. Право да аплиџираат имаат сите граѓани на возраст од 18 до 29 години.
- При-банкинг – превентивно разоткривање на дезинформациите (мај 2025г. – точниот датум и местото дополнително ќе се определат) – формата за апликации е веќе отворена и за втората работилница и може да се најде на овој линк. Право да аплиџираат имаат сите граѓани на возраст од 18 до 29 години.
- Едномесечно практиканство во една од трите медиумски организации на Фондацијата Метаморфозис во текот на летото за шестмината најдобри учесници на работилниците.
- Еднонеделна студиска посета во САД со ICFJ во Вашингтон, за тројцата најдобри учесници, во придружба на претставник на Фондација Метаморфозис.
За Меѓународниот центар за новинари (ICFJ)
ICFJ ја овозможува глобална мрежа на новинари во продукција на новински извештаи кои водат до подобрување на владеењето, економиите, општествата и поздрав живот. ICFJ работи на врската меѓу новинарството и технологијата, и гради експертиза и вештини за раскажување новинарски приказни ширум светот. Преку нивната работа, новинарите го подобруваат покривањето на вестите и подлабоко се поврзуваат со својата публика.
Мрежата на ICFJ има 132.000 новинари.
Пријава за програмата
Апликациите за трите работилници се отворени:
Првата работилница на тема Новинарство базирано на податоци и визуелизации на податоци (13-15 ноември 2024г.) е отворена за апликанти до 1 ноември и може да се аплицира овде.
Втората работилница на тема Проверка на факти и борба против дезинформации е исто така отворена за апликанти и може да се аплицира овде.
Третата работилница на тема При-банкинг е отворена за апликанти и може да се аплицира овде.
Фондација Метаморфозис и ICFJ ќе ги прифатат сите апликации за учество за сите три работилници врз основа на еднаков пристап на сите учесници. Се покануваат да се пријават млади новинари, студенти по новинарство и млади лица заинтересирани да се бават со медиумска работа.