ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа – 2022

29.09.2022

Проекти

ACTION SEE (Одговорност, технологија и мрежа за институционална отвореност во регионот на Југоисточна Европа) е мрежа на граѓански организации кои заеднички работат на промовирање и обезбедување одговорност и транспарентност на владата во регионот на Југоисточна Европа, зголемувајќи го потенцијалот за граѓански активизам и граѓанско учество, промовирање и заштита на човековите права и слободи на интернет и градење капацитети и интерес кај граѓанските организации и поединци во регионот за користење на технологијата во работата за промовирање на демократијата.

Проектот ќе ја зајакне мрежата ACTION SEE со цел да ги засили напорите на вклучените граѓански организации за решавање и унапредување на прашањата за владеењето на правото и доброто владеење преку вмрежување, градење капацитети и застапување, со цел да се подобрат односите меѓу граѓанските организации, но и со јавните институции. Подобрените односи ќе доведат до градење коалиции, подобрување на јавниот ангажман и можности за граѓанските организации да влијаат врз креирањето политики.

Мрежата ACTION SEE преку овој проект ќе стане поефикасна со силен социјален капитал, лидерство, и вештини за управување.

Времетраење на проектот: септември 2022 – август 2023 година.

Координатор на проектот:

Фондација Метаморфозис

Македонија

Веб-страница: www.metamorphosis.org.mk

 

Partneri za demokratske promene Srbija

Србија

Веб-страница: https://www.partners-serbia.org

 

Citizens Association Why not?

Босна и Херцеговина

Веб-страница: http://zastone.ba

 

Center for Democratic Transition

Црна Гора

Веб-страница: www.cdtmn.org

 

Open Data Kosovo (ODK)

Косово

Веб-страница: http://opendatakosovo.org

 

Levizja Mjaft!

Албанија

Веб-страница: www.mjaft.org

mediumski-item-img-1.png

Заедно за Партнерство за отворена власт: Поддршка на процесот на имплементација и дизајнирање на иднината

Главна цел на проектот е да се овозможи одржлива и инклузивна имплементација и планирање на обврските во рамки на процесот на Партнерство за отворена власт (ПОВ) преку поддршка на спроведувањето на постојните мерки

mediumski-item-img-1.png

Граѓани во акција: за подобри локални услуги без корупција

Транспарентноста и отчетноста на локалните власти се клучни за намалување на корупцијата, а е-услугите играат значајна улога во ова. Во РСМ, ангажирањето на локалните власти е од витално значење, но предизвиците како ограничената

mediumski-item-img-1.png

Искористување на технологијата за промовирање на институционална одговорност и транспарентност

Целта на проектот е да се промовира отвореноста и транспарентноста на законодавната и извршната власт во Југоисточна Европа. Во рамките на овој проект, Мрежата за отчетност, технологија и институционална отвореност во Југоисточна Европа