(ДИГИЛОК) Дигитална трансформација на локално ниво – Вклучена заедница за отпорност на корупција

04.12.2023

Проекти

Сузбивањето на корупцијата е суштинско за зголемување на довербата во институциите, заштитување на демократијата, промовирање правичност и добро управување. Граѓаните ja препознаваат корупцијата како најголем проблем, а коруптивниот притисок и виктимизацијата се значително зголемени. Искористувањето на придобивките од дигиталните технологии може значително да ја унапреди транспарентноста и намали корупцијата.

Општа цел на проектот: Активно вклучување на заедницата за поголема отпорност на корупција на локално ниво.

Специфични цели на проектот:

  • Унапредување на отвореноста на општините преку подобрена соработката помеѓу ГО и граѓаните со локалните власти.
  • Активно вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки преку иновативни дигитални алатки.

Целни групи:

  • Единиците на локална самоуправа
  • Граѓани и граѓански организации

Резултати:

  • Зголемено граѓанско учество и зајакнато ГО во насока на подобрување на процесот на креирање политики и донесување одлуки.
  • Зголемена граѓанска вклученост и доверба во граѓанското општество преку информирани и активни конституенти на ГО вклучени во заеднички граѓански иницијативи.

Проектни активности:

A1. Зголемување на отвореноста на локално ниво за поголем ангажман на ГО и граѓаните

  • А1.1 Мониторирање на отвореност на локалните власти преку Индексот на отвореност
  • A1.2 Креирање на листа за само-евалуација на општините за мерење на нивната отвореност
  • A1.3 Менторска поддршка за јакнење на капацитетите на општините
  • А1.4 Подобрување на консултациите преку усвојување на годишен календар за планирани консултации и редовно објавување на извештаи по направените консултации

А2. Зголемување на учествотото на граѓаните и граѓанските организации во консултативните процеси на општините при донесување на одлуки, преку користење на иновативни дигитални алатки

  • А2.1 Надградба на дигиталната алатка мЗаедница и оспособување на локалната администрација за нејзино користење
  • А2.2. Промовирање на мЗаедница во контекст на јавни консултации на локално ниво

Период на реализација: 01.12.2023 – 30.09.2026 (34 месеци)

Буџетска рамка: 14.000.000 денари

Финансиска поддршка: Проектот „Дигитална трансформација на локално ниво – Вклучена заедница за отпорност на корупција (ДИГИЛОК)“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

 

 

Партнери:

 

 

 

 

mediumski-item-img-1.png

Регионален механизам за поддршка

Со поддршка на CIVICUS, а во партнерство со Fundacja TechSoup, Фондацијата Метаморфозис го спроведува проектот Регионален механизам за поддршка, чија цел е зајакнување на граѓанските организации, активистите и неформалните иницијативи преку финансиска и

mediumski-item-img-1.png

Заедно за Партнерство за отворена власт: Поддршка на процесот на имплементација и дизајнирање на иднината

Главна цел на проектот е да се овозможи одржлива и инклузивна имплементација и планирање на обврските во рамки на процесот на Партнерство за отворена власт (ПОВ) преку поддршка на спроведувањето на постојните мерки

mediumski-item-img-1.png

Граѓани во акција: за подобри локални услуги без корупција

Транспарентноста и отчетноста на локалните власти се клучни за намалување на корупцијата, а е-услугите играат значајна улога во ова. Во РСМ, ангажирањето на локалните власти е од витално значење, но предизвиците како ограничената