АНАЛИЗА: Цените на становите зголемени за 4 отсто, бројот на одобренија за нови згради пораснал за 35 отсто

10.09.2021

Во фокусот

Значајно поскапување на становите, односно недвижностите во првиот економски квартал. Во истиот период регистриран е и раст на бројот на издадени одбренија за изградба на згради, пишува „Порталб“. На територијата на дел од општините кои беа под мораториум за градба – се враќа машинеријата.

Летен „залет“ на градежништвото, становите поскапеа

Од 2015 година, во вториот кавртал од годинава е регистриран највисок раст на цените на становите на квартално ниво. Во вториот квартал во споредба со првиот цените се зголемени за 3 отсто. Нови податоци на Народната банка покажуваат дека на годишно ниво растот на цените на становите изнесува 4 отсто.

„Во вториот квартал на 2021 година, цените на становите мерени преку хедоничкиот индекс забележаа годишен раст од 4 отсто, што претставува забрзување во споредба со растот од претходниот квартал. Од аспект на понудата, вредноста на изградените станбени згради забележа раст во првиот квартал од 2021 година, додека расположливите податоци за вредноста на издадените одобренија за изградба на станбени згради во вториот квартал од 2021 година засега упатуваат на намалување, на годишна основа. Од аспект на побарувачката на станови, таа и натаму е поддржана од натамошниот двоцифрен раст на станбените кредити“ – соопштија од НБМ.

Цените на становите и воопшто на недвижностите не се зголемуваат само во главниот град туку и во другите градови во земјава.

„Цена на станбен квадратен метар достигна 700 евра. Тоа е многу за Штип“, вели еден наш сограѓанин од овој град.

Во Тетово цената на квадратен метар се движи од над 600 евра, достигнувајќи и 850 евра.

Цената на становите во Охрид пак е драматично зголемена, па така стан од 83 мкв се продава од 700 до 1.300 евра по квадрат, во зависност од година на градба на зградата и од други фактори кои ја детерминираат цената.

Според податоците од Агенцијата за катастар, само во првото полугодие од годинава направени се вкупно 10.107 трансакции поврзани со недвижности во вкупна вредност од 378 милиони евра. Во споредба со лани истиот период забележан е голем пораст и на бројот на купопродажби и на нивната вредност.

Само во првите шест месеци од годинава преку Катастарот се регистрирани 15.453 трансакции, од кои 11.263 продажби на недвижности, а останатите се однесуваат на закупи.

50 милиони евра во станови…

Летната сезона го рестартираше градежништвото. Во јуни биле издадени 320 одобренија за градба, што е за 17,2 отсто повеќе во однос на истиот месец лани. Новите податоци од Заводот за статистика покажуваат дека изградбата на згради е во нов “налет“, но вредноста на сите видови одобренија за градба е значајно намалена за дури 64,4 отсто.

„Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во истиот месец од претходната година биле издадени одобренија за градење на објекти од нискоградба со поголеми вредности, како магистралниот транспортен гасовод во Пелагонискиот Регион, делница 5 од магистралниот гасовод во Полошкиот Регион, биогасната и ветерната електрана во Вардарскиот Регион, далноводот од Битола до македонско-албанската граница во Југозападниот и Пелагонискиот Регион“, објаснија од Заводот за статистика.

Кај високоградбата – односно кај изградбата на станови во јуни се бележат “пикови“. Вредноста на издадените одобренија за градба изнесува 48.000.000 евра, што е за 50,3 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, додека бројот на издадени одобренија за градба во анализираниот период е зголемен за 34,5 отсто.

Дел од градежниците велат дека градежништвото беше една од погодените гранки – дејности од ковид пандемијата. Граѓаните се воздржуваат од купување, а во меѓувреме цените на металите и на нафтата се зголемија, што влијаело врз пораст на трошоците, а со тоа и врз раст на крајната цена на становите. На територијата на дел од општините – мораториумот за градба е укинат со одлука на Уставен суд, со што машинеријата се врати на терен. Градежниците посочуваа дека мерката мораториум која требаше да биде “акутна“, за да се решат проблемите, се претворила во “хронична“, поради што дел од фирмите забавија, па дури и целосно запреја со градба на локациите, односно општините каде на сила до неодамна имаше мораториум за градба.

Фото: Бојан Блажевски

Сподели:

mediumski-item-img-1.png

Стојановски: Разни актери се обидуваат да ја поткопаат демократијата со дезинформации

Фото: Фисник Џелили, Порталб.мк На годинешната конференција „Дисикон – Интегритетот на информациите“, директорот за партнерства и развој на ресурси во Фондацијата Метаморфозис, Филип Стојановски зборуваше за странските интервенции во поткопувањето на демократијата, како и за работата на Фондацијата Метаморфозис во борбата против дезинформациите, пишува Порталб.мк. Стојановски потврди дека интегритетот на информациите и изборниот интегритет се […]

mediumski-item-img-1.png

Кадрији: Злоупотребите на личните податоци се главно поврзани со компјутерски криминал

Леонора Кадрији, генерален секретар на Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) Околу 60 отсто од сите претставки што Агенцијата за заштита на личните податоци ги добива, се од граѓани кои бараат заштита поради тоа што некој незаконски објавил нивни лични податоци, видеа, фотографии, аудио снимки на социјалните мрежи или други веб страници на интернет […]

mediumski-item-img-1.png

Која е улогата на офицерот за заштита на лични податоци?

Офицерот за заштита на личните податоци (во понатамошниот текст ОЗЛП) игра клучна улога во воспоставувањето и одржувањето на системот за заштита на личните податоци кај трговски друштва, непрофитни организации, државни органи или поединци кои користат лични податоци на физички лица за свои (комерцијални) цели т.н. контролори или користат лични податоци на физички лица за потребите […]