Муртезани: Жените да излезат од комфорната зона ако ја сакаат науката и технологијата, ИТ има многу што да понуди

03.02.2023

Во фокусот

Северна Македонија напредува во својата дигитална трансформација, но не е на исто ниво со многу земји од ЕУ. Важно е организациите и владата да ги едуцираат граѓаните и да им ги обезбедат потребните алатки и ресурси за да им помогнат да ги разберат и усвојат дигиталните технологии. Жените да излезат од нивната комфорна зона и ако ја сакаат науката и технологијата, Информатичката технологија (ИТ) има многу што да понуди.

Ова, меѓу другото, го кажа во интервју за Порталб.мк, Дрита Рустем Муртезани, специјален советник за ИКТ на министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.

 Како го гледате развојот на дигиталната трансформација во Северна Македонија и имајќи ги предвид стандардите на ЕУ, со која оценка од 1 до 10 би ја оцениле моменталната состојба на ова поле?

Северна Македонија напредува во својата дигитална трансформација, но не е на исто ниво со многу земји од ЕУ. Земјата има релативно висока пенетрација на користење на интернетот и мобилната телефонија, но сè уште има значителни разлики во пристапот и нивното користење, посебно во руралните средини. Владата и даде приоритет на развојот на дигиталната инфраструктура и спроведе различни иницијативи за промовирање на дигиталните вештини и е-трговијата. Меѓутоа, сè уште има предизвици кои што треба да се решат, како што е недостатокот на финансии за дигиталните проекти и недостатокот на квалификувани ИТ професионалци. Општо гледано, дигиталната трансформација на Северна Македонија е во тек и земјата прави напори да ги достигне стандардите на ЕУ.

Која е вашата порака за девојките кои сакаат да се занимаваат со информатика?

Мислам дека има едно недоразбирање за ИТ секторот и можностите кој тој ги нуди, има многу различни области достапни за новите кадри, како што е сајбер безбедноста, роботиката и вештачката интелигенција. Овие се области со брзи возбудливи движења за жените кои бараат интересни и предизвикувачки кариери.

Мојата порака до жените е да излезат од нивната комфорна зона и ако ја сакаат науката и технологијата, ИТ има многу што да понуди. Со влијанието на вештачката интелигенција и апликациите на квантната информатика, работите само што станале многу поинтересни и има многу што да се научи.

Целото интервју можете да го прочитате на овој линк.

Сподели:

mediumski-item-img-1.png

Дезинформации и проверка на факти – повик за учество на обука, практиканство и студиска посета на САД

Фондација Метаморфозис, во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ), а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, го отвора вториот повик за учество на млади новинари во Програма за медиумска обука, „Дезинформации и проверка на факти“. Преку оваа програма, најдобрите учесници ќе имаат можност за практиканство во медиумите […]

mediumski-item-img-1.png

Муртезани: Жените да излезат од комфорната зона ако ја сакаат науката и технологијата, ИТ има многу што да понуди

Северна Македонија напредува во својата дигитална трансформација, но не е на исто ниво со многу земји од ЕУ. Важно е организациите и владата да ги едуцираат граѓаните и да им ги обезбедат потребните алатки и ресурси за да им помогнат да ги разберат и усвојат дигиталните технологии. Жените да излезат од нивната комфорна зона и […]

mediumski-item-img-1.png

Грижи во поглед на приватноста во ек на дигитализацијата на Западен Балкан

Дигитализацијата на јавните услуги е еден од приоритетите на земјите од Западен Балкан. Во периодот по КОВИД-19, станува уште поочигледно дека граѓаните, бизнисите и општеството треба да се дигитализираат за во целост да станат поотпорни и способни за справување со надворешни шокови и промени. Aлбанија е водечка земја во регионот кога станува збор за дигитализацијата […]

Verified by MonsterInsights