ОГЛАСОТ Е ОТВОРЕН ДО: 10/01/2024
Основни информации
Метаморфозис Фондација за интернет и општество има за цел да ја зајакнува свесноста и капацитетот на граѓаните и граѓанското општество за тие да ја преземат најдобрата можна улога како активисти за демократија, поддржувајќи ја власта да ја исполни нејзината демократска улога – да работи во служба на општеството.
За поддршка на своите секојдневни програмски и проектни активности Фондацијата „Метаморфозис“ има потреба да ангажира ИТ специјалист.
Одговорности на ИТ специјалистот
- Да ја одржува постоечката локална ИКТ инфраструктура на Фондацијата како и да нуди нови решенија за поефикасна и побезбедна работа;
- Одржување на веб страниците кои припаѓаат на Фондацијата „Метаморфозис“;
- Одржување на веб серверите на Фондацијата „Метаморфозис“;
- Одржување обуки од доменот на ИКТ;
- Поддршка во набавките на ИКТ опрема и услуги;
- Да соработува со колегите во „Метаморфозис“ за целокупно успешно спроведување на проектите и програмските активности.
ИТ специјалистот ќе одговара директно пред Програмскиот директор.
Потребни услови и лични вештини
- Завршено високо образование
- Напредно познавање на O365;
- Искуство со веб-дизајн;
- Искуство со администрација на веб сервер;
- Искуство со давање обуки или презентации ќе се смета како предност;
- Спремност за службени патувања во земјата и/или странство.
Вид ангажман
ИТ специјалистот ќе биде вработен/а на определено време од 1 година и со можност за продолжување на договорот.
Услови за пријавување
Заинтересираните кандидати/тки што ги исполнуваат горенаведените услови треба да испратат работна биографија (CV) и кусо писмо за интерес. Пријавите треба да бидат пратени по е-пошта на danche@metamorphosis.org.mk до 10.01.2024 година.
Само кандидатите што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.
Фондацијата „Метаморфозис“ нуди еднакви можности за сите заинтересирани и не дискриминира по ниту една основа при вработувањето.