Порталб: Случајот „Плагијати“ не добива епилог, сите патишта водат кон Универзитетот во Тетово, таму молчат

02.11.2021

Во фокусот

Фото: Порталб.мк

Поминаа повеќе од седум месеци откако магазинот „Веритас“ го објави случајот со плагијати на професори од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тетово (УТ), но овој случај сè уште не добива епилог. Просветниот инспекторат, Министерството за образование и наука и Министерството за култура велат дека не се надлежни да утврдуваат дали професорите имаат извршено плагијати на научни трудови. Случајот требало да се пријави во полиција или во обвинителство, но тоа досега не е направено. Сите патишта водат до Универзитетот во Тетово, но оттаму продолжуваат да молчат за овој случај, пишува Порталб.мк.

Поминаа повеќе од седум месеци откако дел од професорите на Медицинскиот факултет на УТ беа обвинети дека сториле кривично дело – плагијат. И додека граѓаните и понатаму чекаат да се расветли случајот, заклучок сè уште нема, бидејќи тетовскиот универзитет продолжува да молчи за овој случај со неинформирање на јавноста.

„Документи“ за можен плагијат шетаа од вратите на Државниот инспекторат за образование на тие од Министерството за култура, кои велат дека не се надлежни да докажат дали некој научен труд е плагијат или не. Но, документите требало да се пратат во полиција или во обвинителство.

Адвокатот Валентин Пепељуговски истакна дека односниот Универзитет требало веднаш да го испрати предметот до Јавното обвинителство.

„Доколку универзитет или факултет има сознанија дека е сторено било каква повреда на авторските права – плагијат, има обврска да пријави до Јавното обвинителство. Меѓутоа, за заштита на моралните права и за надомест на штета се оди преку приватна жалба, и граѓанска и кривична. Односно, правата на интелектуална сопственост, вклучувајќи ги авторските и сродните права, се приватни права и затоа авторите и носителите на правата се обврзани да се грижат за нив“, изјави Валентин Пепељуговски.

Адвокатот додаде дека полицијата и Јавното обвинителство имаат овластување да постапуваат во вакви случаи, по пријавата на Универзитетот, а пак по затворањето на предметот и правосилната судска одлука, според Пепељовоски, останува во рацете на Наставно-научниот совет на соодветниот факултет да постапува и додаде овој совет може да преземе мерки и кога има индикации за такво нешто, но сепак на крај надлежен е судот.

„Институциите не се спречени во моментот кога се сомневаат во такво нешто да преземат самоиницијатива. Но, кога ќе има правосилна пресуда со која ќе се потврди постоењето на плагијат, тие дефинитивно треба да постапат според законот. Инаку, судовите се надлежни да докажат дали некое делот е плагијат“ рече Пепељуговски.

Случајот за плагијати не е доставен во полиција или во обвинителство

Од полицијата за Порталб.мк информираат дека годинава и минатата година нема пријави за плагијати.

„Во регионот на СВР Тетово во текот на оваа година, како и минатата година, нема пријави за плагијати на магистерски или докторски трудови, од страна на поединец или друга образовна институција. И во случајот со професорите на Медицинскиот факултет никој ништо не пријавил“, соопштија од СВР Тетово.

И од Основното јавно обвинителство за Порталб.мк рекоа дека во Основното обвинителство во Тетово нема пријавено такво нешто.

Тоа досега не го направи просветниот инспекторат бидејќи според Законот за авторски права, самите автори на делата мора да го пријават случајот во обвинителството.

Додека Универзитетот во Тетово продолжува да молчи за овој случај и покрај инсистирањето на Порталб.мк да добие одговори.

Просветниот инспекторат имаше неколкудневна истрага на Универзитетот во Тетово. Според истрагата, било утврдено дека само за двајца професори постои законска основа за понатамошна истрага. Но, подоцна рекоа дека и овие професори не се целосно виновни затоа што немаат правна корист (т.е. тој научен труд не е искористен за да бидат избрани за професори од највисок степен или да ја брани темата докторат и сл.) од делата за кои се обвинети дека ги украле. Од Инспекторатот изјавуваат дека не се надлежни за контрола на плагијати.

„ДПИ нема овластувања да врши верификација на тие дела се додека нема законски придобивки и не ја поминале контролната фаза врз основа на плагијат. Но, со упатство на ДПИ беше формирана комисија за проверка на трудовите во рамки на Факултетот. Што се однесува до научните трудови на професорите, тие дела не се искористени за правна корист и според законот за авторски права, самите автори на делата мора да го пријават случајот во обвинителството“, изјави Ардијан Муслиу, директор на Просветниот инспекторат.

Од Министерството за образование и наука за Порталб.мк велат дека според Законот за научноистражувачка дејност, сите магистерски трудови, специјализации и семинарски работи на студентите мора да бидат внесени во системот plagijati.mk од страна на менторот, односно професорот. Со ова се создава централна база на податоци за овие дела, која потоа може да се користи за откривање на плагијат. Од каде откако еден труд ќе се стави во системот „ plagijati.mk “ и ќе се генерира извештај, менторот самостојно одлучува дали е плагијат.

„Во конкретниот случај на Универзитетот во Тетово, станува збор за научни трудови на наставно-научниот кадар кои не подлежат на проверка на системот plagijati.mk и за кои постои сомневање дека прекршиле некое авторско право. А заштитата на авторските права е регулирана со Законот за авторско право и сродни права, што е надлежност на Министерството за култура“, рекоа од Министерството за образование.

Од Просветниот инспекторат не одговараат дали овој случај може да се прогласи за затворен и обвинетите професори да бидат амнестирани без да се покрене конкретна постапка против нив и дали тие како инспектори чувствуваат одговорност за ова.

Од Инспекторатот и Министерството за образование, до Министерството за култура

Губењето време за расветлување на овој случај продолжи со испраќање сомнителни трудови до Министерството за култура, што резултираше со тоа што ниту ова министерство не е ненадлежно. Од Министерството за култура за Порталб.мк потврдија дека на 6 април добиле такво барање од Просветниот инспекторат, но од таму истакнале дека не се надлежни да ја проверуваат автентичноста на научен труд, дури и кога барањето за ова доаѓа од друга институција.

Од ова министерство во писмена реакција повикувајќи се на членови од Законот за авторски права и Законот за организација на работата на органите на државната управа посочија дека тие не се надлежни за научните трудови, туку за други акти.

Сите патишта водат кон УТ, но УТ молчи

Првиот и последен пат кога УТ се изјасни за овој случај беше на 17 март, каде според нив тие објави се само обиди за оцрнување на оваа институција од анонимни издавачи, списанија без адреси и луѓе со сомнителни агенди. Од таму рекоа дека научно-истражувачката работа на Универзитетот во Тетово е во согласност со сите критериуми и услови.

Заменик-министерот за образование, Арафат Шабани за Порталб.мк изјави дека како министерство не се надлежни за ова прашање, нагласил дека според автономијата на универзитетот, тие самите ги разгледуваат и имаат свои органи и систем кои доколку откријат нешто мора да елиминираат. од сопствените процедури/правила.

„Доколку има други димензии треба да ги достават до обвинителството, всушност оваа информација треба да ја добиете од УТ. Немаме ништо официјално за што не известиле Обвинителството и УТ“, изјави Арафат Шабани.

Порталб.мк неколку пати се обиде да добие одговор на многу прашања од УТ, во врска со случајот со плагијат на Медицинскиот факултет, но истите постојано молчат и во мејловите и во јавувањата. Во петокот (22 октомври) Порталб.мк испрати барање со прашања за предметниот случај, преку законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а УТ е должен да ни даде одговори за истиот. Ги известивме и ректорот, генералниот секретар и канцеларијата за информации, но никој од нив не одговара.

На веб-страницата на УТ недостасува и статутот на овој универзитет, што го побаравме во нашето барање. Ова се прашањата за кои Порталб.мк побара одговори од УТ:

Барањето со прашање на Порталб.мк до УТ:

  1. Дали сте ги поднеле случаите на плагијат до Јавното обвинителство или до полиција, ако не зошто? Ако сте поднеле, до која фаза е постапката?
  2. Зошто не се преземени казнени мерки против професори обвинети за плагијат?
  3. Кои се одлуките на наставно научниот совет за случајот на плагијати? Зошто не се преземени конкретни чекори за предметниот случај?
  4. Кои се членови на наставно научниот совет и што треба да прават?
  5. Дали е формирана соодветна комисија која ќе подготви извештај за докторските теми на кандидатите обвинети за плагијат?
  6. Каква е политиката на универзитетот против плагијати?
  7. Зошто статутот на УТ не се наоѓа на веб-страницата?
  8. Ве молиме доставете ни го статутот на УТ како документ.
  9. Зошто случајот со плагијат минува преќутно во УТ, кога јавноста треба да биде информирана за овој случај?

Што велат статутите на другите универзитети за плагијатот?

Како што беше истакнато, статутот на УТ недостасува на веб-страницата на истиот, па затоа ги анализиравме статутите на некои други универзитети што велат за плагијат.

Во статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методијi” плагијатот се споменува во видовите дисциплински прекршоци.

  • Во член 39 точка 4, тешки дисциплински повреди вклучуваат: плагијат во вид на пренесување на семинарска работа, домашна работа и туѓ академски есеј што треба да се направи самостојно или групно, во свое име.

Во статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ плагијатот се споменува во видовите дисциплински прекршоци.

  • Во член 313 точка 5, тешки дисциплински повреди вклучуваат: плагијат во вид на пренос на туѓа семинарска работа или академски есеј во свое име.

Во статутот на Универзитетот на Југоисточна Европа, плагијатот се споменува во видовите дисциплински прекршоци.

  • Во член 68, точка 2, плагијатот во која било форма е вклучен во тешки дисциплински повреди.

Како се казнува плагијатот во Косово?

Според член 130 од Статутот на Универзитетот во Приштина „Хасан Приштина“, на кандидат може да му се одземе академското звање доктор на науки, меѓу другото доколку се докаже дека неговата/нејзината работа е плагијат или повреда на авторски права.

Исто така, на носителот може да му се одземе академското звање од Сенатот, со силна причина и аргументација како и со препорака на ректорот. Силна причина или аргумент, според член 134, се состои од:

  • Фалсификување или измама при оценување или испитот;
  • Плагијат или повреда на авторските права при изработка на диплома или друга писмена работа;
  • Секоја друга неетичка практика.

Истите мерки се предвидени и според Статутот на Универзитетот во Призрен „Укшин Хоти“.

Сподели:

mediumski-item-img-1.png

Порталб: Случајот „Плагијати“ не добива епилог, сите патишта водат кон Универзитетот во Тетово, таму молчат

Фото: Порталб.мк Поминаа повеќе од седум месеци откако магазинот „Веритас“ го објави случајот со плагијати на професори од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тетово (УТ), но овој случај сè уште не добива епилог. Просветниот инспекторат, Министерството за образование и наука и Министерството за култура велат дека не се надлежни да утврдуваат дали професорите имаат извршено […]

mediumski-item-img-1.png

По објавите на Порталб, Агенцијата за млади и спорт ја пушти во употреба привремената веб-страница на албански јазик

Фото: Порталб.мк По неколку написи на Порталб.мк поврзани со преводот на албански јазик на веб-страницата на Агенцијата за млади и спорт (АРС), од таму потврдија дека работите се при крај и гарантираат дека се очекува веб-страницата да биде пуштена во употреба во рок од две-три недели. Заменик – директорот Авни Рустеми синоќа соопшти дека во […]

mediumski-item-img-1.png

Порталб, Мета и Вистиномер ја потпишаа Повелбата за етичко известување за време на изборната кампања

Главниот уредник на Новинската агенција – Мета, Горан Ризаов, заедно со главната уредничка на порталот на албански јазик Порталб.мк, Елида Зулбеари како и уредникот на Вистиномер.мк, Владимир Петрески, ја потпишаа Повелбата за етичко известување за време на изборната кампања во 2021 година