Зборник „Манипулирање на јавниот дискурс: дезинформации и пропаганда“

15.02.2024

Во фокусот

Зборник „Манипулирање на јавниот дискурс: дезинформации и пропаганда“

Зборникот „Манипулирање на јавниот дискурс: дезинформации и пропаганда“ е важна компилација за сите што сакаат да го разберат сложеното поле на дезинформации, кои во последните години се размножуваат со голема брзина. На едно место Фондацијата Метаморфозис објавува низа текстови, статии за проверка на факти, анализи и прегледи, кои се однесуваат на 2023 год.

Зборникот покрива широк спектар теми што особено и најчесто биле искористени за ширење на дезинформациите. Навлегува во тоа како геополитичките наративи за војната во Украина, дезинформациите поврзани со пандемијата, искривените претстави за семејните вредности и Европската Унија, биле експлоатирани за да го манипулираат јавното мислење и да ја искриват реалноста. Содржината во Зборникот служи не само како јавно сведоштво за овие настани, туку и како корисен извор за сите што се заинтересирани да го разберат начинот на функционирање на дезинформациите и нивните последици. Истата претставува само мал дел од големата работа што ја прави Фондацијата Метаморфозис во борбата против штетните ефекти на дезинформациите, а особено Вистиномер.мк, кои се посветени на бранењето на вистината.

Сподели:

mediumski-item-img-1.png

ОТВОРЕН ПОВИК за изразување на интерес за членување на претставници од заинтересирани граѓански организации во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година

Отворениот повик треба да овозможи пријавување на 8 (осум) претставници од заинтересирани граѓански организации кои ги споделуваат вредностите на Партнерството за отворена власт и се залагаат за поголема партиципативност, отвореност и отчетност на властите и ги применуваат тие принципи во своето работење, за нивно учество во Советот за координација и следење на Националниот акциски план […]

mediumski-item-img-1.png

Оглас за вработување на раководител/ка на проект

Основни информации Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ преку својата програма „Медиуми за демократија“ препознава дека едно информирано општество е суштествено за обезбедување одговорност како на јавниот, така и на приватниот сектор. Активностите кои што „Метаморфозис“ ги реализира во рамките на оваа програма имаат цел да креираат средина во која слободните и професионални медиуми имаат […]

mediumski-item-img-1.png

Индекс на отвореност: Во тек е осмиот бран на мерењe на отвореноста на извршната и законодавната власт

Мрежата ACTION SEE – Мрежа за Одговорност, Технологија и Институционална Отвореност во Југоисточна Европа со поддршка на Национален фонд за демократија преку проектот Using New Media to Promote Government Transparency, го започна осмиот бран на мерења на отвореноста на извршната и законодавната власт во четири земји од регионот (Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и […]