Овогодинешната конференција Point 5.0 (Политичка отчетност и нови технологи) се одржа во Сараево од 25-28 мај. Point 5.0 е регионална конференција на граѓански организации од 7 држави од југоисточна Европа, кои се интензивно ангажирани во користењето нови технологии во нивната работа, но исто така оваа конференција вклучува и организации, индивидуи, групи и институции кои се занимаваат со специфичните теми на кои е фокусирана оваа конференција. Point 5.0 е петтото издание и е доследно продолжение на успешните конференции POINT, кои се одржаа во февруари 2012 година, мај 2013-та, 2014-та и 2015 година. 13323211_1065835653476220_1751156099041529490_oПо петти пат активисти, новинари, организации во улогата на „кучиња чувари“ и ентузијасти за технологија за транспарентност од југоисточна и централноисточна Европа и Блискиот Исток се собраа за да дискутираат како новите технологии можат да ја зајакнат демократијата: транспарентност, учество и отчетност. 13320810_1066501696742949_460008454538047834_oКонференцијата POINT е организирана од Регионалната мрежа ActionSEE која е креирана од граѓанската организација Why not (Zašto ne) од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување, транспарентност и отчетност (CRTA) од Србија, Фондацијата Метаморфозис од Македонија и Центарот за демократска транзиција (CDT) од Црна Гора. point-5-0-day-1-06-600x400Претставниците на Метаморфозис имаа неколку обраќања и тоа:

  1. Проверка на факти од медиумите – Нови и иновативни пристапи за поотчетни медиуми
  2. TechSoup Balkans – Мост меѓу граѓанските организации и донатори на софтвер
  3. Отчетноста и транспарентноста во регионот се на ниско ниво

point-5-0-day-1-02-600x400Конференцијата POINT има за цел да стане мултиплатформа за користење нови технологии од страна на граѓанското општество – да стане алатка за едукација за користењето нови технологии и социјални мрежи; форум за размена на мислења и искуства; инкубатор на идеи, проекти и развој на стратегии; виртуален простор за вмрежување и информирање на сите социјално свесни Интернет корисници; и социјална мрежа за истражување, барање партнери и соработници и создавање коалиции. Овогодинешниот Point 5.0 се фокусираше на следењето на владината отчетност, отворените податоци, успехот на проекти поврзани со технологијата имплементирани од граѓанското општество, користењето нови технологии за застапување и мониторинг на различните видови власт.

Сподели: