Мени

Метаморфозис на третата Меѓународна конференција за отворени податоци во Отава

На Меѓународната конференција за отворени податоци (IODC) на тема „Овозможувајќи ја револуцијата на податоци“ што се одржа во изминатите два дена во исполнета сала во Отава се сретнаа експерти за отворени податоци од шест континенти. Министерот за финансии Тони Клемент зборуваше за иднината на отворените податоци, истакнувајќи дека нивната вредност е навистина неискористена, иако претставува бесценето добро што може да доведе до иновации, создавање работни места и економски раст. На Меѓународната конференција за отворени податоци присуствуваше и претставник на фондацијата Метаморфозис.

Ottawa_2

Ottawa_1

На конференцијата се одржаа повеќе од 50 презентации, вклучувајќи ја и првата работилница за „Локални податоци и отворено владеење“, нудејќи место за локалните лидери да се сретнат во живо и да соработуваат со други експерти на глобално ниво. На друга сесија, „Франкофонијата: новата граница на отворените податоци“, се сретнаа државни претставници, претставници од граѓанското општество, иноватори и претставници на стартапи од француската глобална заедница, за да споделуваат искуства и најдобри практики за отворени податоци, идентификувајќи ги потенцијалните области за соработка.

На овогодишната трета Меѓународна конференција за отворени податоци (IODC) во Канада се собраа над 1.100 учесници, меѓу кои и високи владини претставници, креатори на политики и поборници за отворени податоци. Споделувањето информации преку светски форуми како што е IODC помага да се планира иднината на отворените податоци, коишто придонесуваат за зајакнување на демократијата, за создавање нови работни места и градење на просперитетот и на глобално ниво и во Канада.