На 23 февруари 2017, во ГЕМ клубот во Скопје, се одржа состанок на советодавниот одбор на проектот ACTION SEE. Целта на овој состанок беше да се запознаат членовите на советодавниот одбор со проектот ACTION SEE, кој се спроведува од страна на Фондација Метаморфозис, Вестминстер Фондација за демократија, ЦРТА – Центар за истражување, транспарентност и отчетност, Граѓанска организација Зашто Не?, Центар за демократска транзиција Open Data Kosovo (ODK) и Levizja Mjaft!.

Идејата за овој состанок на советодавниот одбор, кое е составено од претставници на медиумите и јавните институции од земјите вклучени во проектот, беше да се добијат совети од релевантните претставници на медиумите и јавните институции и со тоа да дадат свој придонес и насоки за време на спроведувањето на проектот ACTION SEE. 20170223100757За време на состанокот имаше и кратки презентации од страна на партнерите во проектот, кои ги информираа членовите на советодавниот одбор за минатите активности, прелиминарните резултати од истражувањата и идните планови. Потоа, членовите на советодавниот одбор дадоа свои препораки и мислења во врска со активностите и плановите, како и со идните приоритети и клучни прашања кои треба да се адресираат. 20170223114814

Целта на проектот е зголемување на вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учество во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество да адресира чувствителни прашања.

Проектот се спроведува со финансиска поддршка на Европската Унија.

Сподели: