Мени

Електроника и е-отпад: Водич за управување со е-отпад

Водичот им овозможува на носителите на одлуки и НВОи, организатори на кампањи за поеколошка електроника преглед на барањата за безбедно и ефективно управување со е-отпад. Тука спаѓаат детали за потребната инфраструктура, како и политички и регулаторни рамки кои се користат за решавање на сè поголемиот проблем со е-отпадот.

Покрај основните принципи, дадени се и студии на случај за различни пристапи во управувањето со е-отпадот. Исто така, даден е и преглед на тековните политики и практики за управување со е-отпад во Македонија, со одредени препораки за дејствување.

vodich_e-otpad_mk

Овој водич е изработен како дел од „Балканската мрежа за застапување при управување со е-отпад“, двегодишен проект инициран и воден од Фондацијата Метаморфозис и кофинансиран од Европската Унија преку ИПА со цел придонесување кон подобрување на законската и институционалната рамка за правилно управување со е-отпадот во Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија, во согласност со релевантните ЕУ директиви и стандарди.