Фондацијата Метаморфозис, заедно со локалната канцеларија на „Microsoft Македонија“, го организираaт денот на Microsoft посветен на граѓанскиот сектор – „Бидете иницијатор на промени со Microsoft Office 365 и облак-технологиите“. Настанот ќе се одржи на 17 март, во просториите на хотел „Континентал“, сала „Фонтана“, со почеток од 10 часот.
Настанот ќе им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор да дознаат повеќе за можностите да добијат софтверски донации од програмата „Microsoft Technology for Good“ за поддршка на граѓанскиот сектор. На овој настан ќе се презентира и Microsoft Office 365 што Метаморфозис го нуди во Македонија во соработка со партнерот Теchsoup Balkans. Ќе бидат презентирани облак-технологиите на Microsoft Office 365, како и многу други технологии што придонесуваат во подобрувањето на работата на граѓанските организации.
За учество Ве молиме пополнете го следниот формулар.
Во продолжение следува агенда на настанот:
10:00 – 10:15 | Воведни обраќањаг.Стефан Плавјански – Генерален менаџер, „Мајкрософт Македонија“г.Филип Стојановски – Програмски директор, Фондација „Метаморфозис“ |
10:15 – 11:00 | Како невладините организации можат да имаат корист од новите технологии
|
11:00 – 11:15 | Кафе-пауза |
11:15 – 12:00 |
|
12:00 – 13:00 | Пауза за ручек |
13:00 – 14:00 | Работилница: Технологии за граѓанскиот секторПоделба на невладините организации во три работни групи врз основа на нивните потреби
|
14:00 – 14:20 | Најдобрите практики на невладина организација која успешно го има воведено Office 365 |
14:20 – 14:40 | Заклучоци и клучни резултати од целиот настан |
Патните трошоци ќе бидат надоместени за еден претставник од организација, а во висина на повратен автобуски билет.
Хаштаг за настанот е: #msngoMK
Сподели: