Кога се работи за летно читање повеќето би избрале лесни забавни содржини, но за оние кои се заинтересрани за нешто подлабоко имаме одлична препорака.

„Миражот на вистината: комплексности и предизвици на дезинформациите во Западен Балкан“ е совршена лектира за оние кои сакаат да дознаат повеќе за пејсажот на дезинформациите во регионот.

Публикацијата опфаќа теми како: капацитетите на владите да се справат со дезинформациите, законодавните места за тактики против дезинформации, регулирањето на дигиталниот простор, прилагодувањата на наставните програми за образование и можностите и ограничувањата на механизмите за соработка на целото општество?

 

Публикацијата може да ја погледнете тука и е издадена во рамките на проектот Зајакнување на општествената отпорност и борба против постојаните странски дезинформации во 6 земји од Западен Балкан.

Делот кој се однесува на состојбата во Северна Македонија е подготвен од директорот на Фодација Метаморфозис – Бардил Јашари.

Оваа публикација особено се препорачува на идните истражувачи и практичари со тоа што би ги поттикнала за размислуваат како дезинформациите влијаат на целиот општествен екосистем, од безбедноста и надворешната политика до управувањето, медиумите и образованието.

Сподели: