Мени

Проект е-Рајдери: Волонтери вклучени како е-Рајдери

Во просториите на Фондацијата Метаморфозис се одржа состанок со група студенти од Институтот за информатика при ПМФ. Беше договорено да бидат вклучени во спроведување на активностите на проектот „е-Рајдери“, односно нивно волонтирање на проектот.

Во рамките на нивното волонтирање тие ќе се здобијат со знаења поврзани со работата и функционирањето на НВО секторот, ќе се запознаат со активностите на Фондацијата Метаморфозис, како и со активностите и мисиите на граѓанските организации кои се дел од проектот „е-Рајдери“.

Под менторство на е-рајдерот на Метаморфозис волонтерите ќе бидат вклучени во изработка на стратегии и технолошки планови за организациите, подготвување и спроведување на обуки, како и совладување на презентациски вештини.