Меѓу списанијата донирани во одделот за периодика се наоѓаат примероци од неделниците Форум, Фокус, Зум, Дело, Денес, Неделно Време и Капитал, како и компјутерски списанија на македонски и хрватски јазик кои Фондацијата ги има користено преку претплата во рамките на својата дејност како институција за истражувања и развој на применети политики.

Поголем дел од книгите се од едицијата „за почетници“ и се однесуваат на основни компјутерски вештини за оперативни системи и апликации кои се во употреба во Македонија.

Целта на оваа донација е сочуваниот изворен материјал да се направи достапен на пошироката јавност, особено на истражувачите од областа на информатичко општество и општествени науки, преку мрежата на јавни библиотеки.

Информациите и знаењата собрани од Фондацијата Метаморфозис се достапни за јавноста преку нејзиниот веб-сајт, на кој се објавуваат вести од областа на информатичко општество од земјата и светот, на македонски и англиски и преку превод во обете насоки, извештаи и анализи во форма на е-книги, а и преку јавните настани и обуки кои Фондацијата ги организира.

Сподели: