На работилницата учествуваа претставници од академскиот и невладиниот сектор, од министерствата и други владини институции, како и советникот за ИКТ на премиерот Сали Бериша, г. Пјерин Марку.

Во текот на работилницата беа претставени проекти од областа на е-власт и воедно беа идентификувани потребите и пречките за развој на инклузивни е-услуги за граѓаните. На состанокот присуствуваа и претставници од Република Македонија (општина Струга, Универзитетот на ЈИЕ и фондацијата Метаморфозис).

г. Бардил Јашари од фондацијата Метаморфозис го претстави проектот „Мрежа за инклузивна е-власт во Западен Балкан“, како и состојбата во Република Македонија во однос на развојот на инклузивните е-услуги.

Сподели: