Главната тема на саемот беше „Еднакви можности за сите“. Граѓанските организации имаа прилика да се соберат на едно место и да разменуваат искуства, идеи, предлози и идни планови во вид на отворени јавни дебати. Исто така, невладините организации со своите штандови им беа на располагање на посетителите заинтересирани за нивната дејност.

На саемот свое учество зема и Фондацијата Метаморфозис со поставување на компјутери со слободен интернет пристап кои беа достапни за сите посетители на саемот. Таканареченото Интернет катче беше збогатено со промотивниот материјал на Метаморфозис.

    {mosimage}   {mosimage}

Оваа година, како и претходните три, манифестацијата се одржа на Скопскиот саем. Целото случување е во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Сподели: