Со телефонската анкета беа опфатени 108 испитаници-апликанти за работа како државни службеници од територија на цела Македонија. Испитаниците беа бирани случајно од списоците на кандидати кои аплицирале за работа во Агенцијата за државни службеници на РМ.

Резултатите покажаа дека 50% од испитаниците за работното место државен службеник дознале преку редовно проверување на веб-сајтот на Агенцијата, додека дури 88% од испитаната популација ја искористила можноста да се пријави преку интернет.

Извештајот и главните наоди од истражувањето се објавени на веб-сајтот на Метаморфозис на македонски и англиски јазик.

Преземања:

Сподели: