Фокус на евалуацијата е влијанието на активностите врз определената целна група и до кој степен е одговорено на постоечките потреби од дадената област и директно и во поширокиот општествен контекст. При тоа може да бидат опфатени и прашањата на ефективност, продукт и задоволство на корисниците. Покрај јавно достапните податоци, на евалуаторите на располагање ќе им биде архивата на Метаморфозис и проектниот партнер Заеднички вредности, персоналот и податоците за контакт на директните корисници од проектот.

Еден од резултатите на евалуацијата мора да бидат и препораки за понатамошни активности (follow up) за задоволување на потребите на граѓаните во потесната област на работа на Комисиите за односи меѓу заедниците и пошироката област на меѓуетнички односи ги перципираат заинтересираните страни (stakeholders).

На повикот може да учествуваат правни лица – консултантски куќи и невладини организации, како и индивидуални професионални консултанти, со искуство од евалуација на проекти, кое ќе го демонстрираат со портфолио на досегашни сродни активности. Дополнително, искуство во тематските области на проектот МЕК ќе се смета како предност.

Секоја понуда треба да содржи писмо за мотивација, концизен предлог-план за спроведување на евалуацијата, како и портфолио на организацијата и CV-а на предвидените евалуатори.

Со оглед на тоа дека вкупниот буџет на проектот е 82,000 евра, ќе се очекува буџетот за евалуацијата да е во рамките на големината на оваа ставка во други проекти со сличен обем поддржани од Европската Унија.

Рок за поднесување на понудите е 15 јануари 2011 година во 14 часот, исклучиво по е-пошта на адресата info@metamorphosis.org.mk.

За дополнителни информации и консултации може да се обратите на програмскиот координатор Филип Стојановски на фиксен тел. 3109 325 или моб. 075 495 306.

Сподели: