Фондацијата Метаморфозис со поддршка на Information Safety & Capacity (ISC) Project во рамките на проектот за Дигитална безбедност го објави ресурсниот центар за прва помош – digitalfirstaid.mk. Ова претставува локализирана и адаптирана верзија на македонски и албански јазик на оригиналниот сајт (digitalfirstaid.org). Целиот сајт може да го симнете и да го користите off line или пак да го преземете изворниот код од Gitlab.

Овој ресурсен центар содржи препораки кои на интерактивен начин го водат корисникот до соодветна реакција при неколку можни сценарија. Сајтот нуди помош при губење на уредот, недостапност на вашата сметка за е-пошта или друштвена мрежа, недостапност на веб-сајтот или пак онлајн вознемирувања, како и други проблеми. Покрај овие препораки на digitalfirstaid.mk може да најдете и регистар на организации кои нудат помош за вашите проблеми.

Ресурсниот центар постојано се надополнува и приспособува за динамичната природа на дигиталната безбедност па затоа ве охрабруваме доколку имате некакви препораки или забелешки да не контактирате на filipn@metamorphosis.org.mk или miron@metamorphosis.org.mk .

Сподели: