Сузбивањето на корупцијата е суштинско за зголемување на довербата во институциите, заштитување на демократијата, промовирање правичност и добро управување.
Искористувањето на придобивките од дигиталните технологии може значително да ја унапреди транспарентноста и намали корупцијата.
Проектот “Дигитална трансформација на локално ниво – Вклучена заедница за отпорност на корупција (ДИГИЛОК)” цели кон активно вклучување на заедницата за поголема отпорност на корупција на локално ниво. Поточно, проектот цели кон:
- унапредување на отвореноста на локалните власти преку подобрена соработката помеѓу граѓанските организации и граѓаните со локалните власти,
- активно вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки преку иновативни дигитални алатки.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.
Партнери на проектот се Фондација за Интернет и општество Метаморфозис, Рурална Коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21.
Сподели: