Извор: Региони на Македонија — Википедија

Фондација за интернет и општество Метаморфозис во партнерство со Рурална Коалиција, започнува со спроведување на овогодинешното мерење на отвореноста на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија.

Мерењето на отвореноста на сите 81 единица на локална самоуправа ќе се спроведува согласно Индексот на отвореност кој претставува композитен показател што го определува степенот на отвореност на институциите кон граѓаните и општеството и е создаден со цел да дефинира до кој степен граѓаните добиваат погодни и разбирливи информации од институциите.

За да се измери степенот на отвореноста на локалната самоуправа, следејќи ги законските регулативи, меѓународните стандарди, препораки, како и добри практики, мониторирањето преку Индексот на отвореност се изведува според посебни квантитативни и квалитативни показатели, кои се однесуваат на пристапот до информации на официјалните веб страни, објавени податоци за работењето на институцијата, јавните набавки, информации за трошењето на јавни пари, итн.

По завршување на мерењето на отвореноста на единиците на локалните самоуправи, а врз основа на анализираните податоци, Фондацијата Метаморфозис ќе изработи документ за јавни политики кој ќе го искомуницира со локалната самоуправа и јавноста, со цел да помогне во унапредувањето на отвореноста на локалната самоуправа кон граѓаните.

Повеќе информации за последното изведено мерење на отвореноста на единиците на локалната самоуправа се достапни во публикацијата Проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2022 година преку Индексот на отвореност – Мерење за 2022 година.

 

Оваа активност е дел од проектот (ДИГИЛОК) Дигитална трансформација на локално ниво – Вклучена заедница за отпорност на корупција кој е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Партнери на проектот сеФондација за Интернет и општество Метаморфозис, Рурална Коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21.

Сподели: