Оваа година на светскиот самит учествуваа и двајца претставници на Метаморфозис, Бардил Јашари и Елена Игнатова, кои активно учествуваа и ги следеа презентациите од панелистите и наградените проекти.

Покрај учеството на самитот, Бардил Јашари беше и дел од главното жири за избор на најдобрите дигитални производи за 2013 година. Победниците на овогодишниот самит може да ги погледнете на овој линк.

Bardhyl-ziri-WSA

Наградата на Светскиот самит е глобална иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина којашто започна да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за информатичко општество на Обединетите Нации. Процесот се одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат на секои две години и голем број национални и меѓународни конференции и работилници посветени на содржините – наречени Патувачко шоу на Наградата на Светскиот самит.
 

Сподели: