доделување сертификати за учество на обуката за користење компјутериНа 3 јули 2006г. во просториите на фондацијата „Метаморфозис“ беа доделени сертификати за успешно учество на курсот за компјутери. Сертификати добија 16 посетители на курсот, средношколци Роми, кои успешно ја завршија обуката за 5 модули.

Посетителите се здобија со знаења за електронска обработка на податоци и употреба на оперативниот систем Windows XP, основните апликации од канцеларискиот пакет MS Office, односно Word, Excel и PowerPoint, како и основите на интернет.

Обуката беше организирана во рамките на Програмата за образование на Ромите на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија .

Сподели: