Дводневниот настан DOKU:TECH заврши со голем успех. Исполнети со возбуда и храброст, го затворивме ова издание со голема надеж дека ја постигнавме нашата мисија да ги истражиме и да се соочиме со општествените импликации на технолошките иновации, да поттикнеме критичко размислување меѓу членовите на публиката и да понудиме уникатен амбиент во кој сите може да просперираат.

11058383_1614712598809012_3885560120928960227_o

Во текот на овие два дена „Lidhja e Prizrenit” беше дом на основачи на меѓународни компании, инвеститори и лидери, футуристички поединци, писатели, творци, сонувачи и создавачи, кои не само што споделуваа знаења, искуства и интересни приказни со публиката на DOKU:TECH, туку имаа и можност да се сретнат со свои истомисленици. DOKU:TECH понуди уникатна можност за средба со овие поединци и за размена на информации, идеи и ставови, кои не беа важни само за технолошките ентузијасти, туку и за поединците со други интереси.

Во текот на дводневната конференција се одржаа 10 разговори, 4 дискусии на работилници и 14 работилници, на коишто присуствуваа повеќе од 800 луѓе.

11807536_1614715745475364_16047972980327498_o

За конференцијата известуваа медиумите во Косово, меѓу кои и весниците и интернет-порталите како што се RTK, Klan Kosova, KTV, Telegrafi, Gazeta Tribuna, Kosovo 2.0, Digjitale, KosovaLive360, итн.

Пред сè, беше добро да се видат одличните впечатоци што ги добија угледните говорници, кои веќе со нетрпение ја очекуваат следната конференција. Дел од нивните сведоштва:

„Doku:tech привлече говорници од светска класа и љубопитна публика. Тоа резултираше со експлозија на интелект“ – Арика Миликан, WIRED expat.

„Ако морам да изберам само еден настан според луѓето, инспирацијата, иновациите и локацијата, тоа би бил DokuTech во Призрен, Косово“ – Јанки Маргалит.

„DokuTech е едно освежување кога конференциите почнуваат сè повеќе да личат една на друга. Неограничена енергија и имагинација, уникатен амбиент, млада и разновидна публика; Dokutech ги има сите потребни состојки да стане еден од најинспиративните настани во Европа“ – Лорен Хауг.

11844976_1614720772141528_7890967250509321898_o

Традиционално, DOKU:TECH заврши со отворено прашање за публиката за DOKU:TECH 2016. Прашањето го постави последниот говорник Естер Дајсон:

„Каков технолошки развој би бил најкорисен за Балканот, според вашата сопствена дефиниција за она што е ‘најкорисно’ – од аспект на економија, политика, просперитет или попријатно живеење?“

Вашите одговори може да ги објавите на Твитер со #‎dokutech, на Фејсбук на DOKU:TECH, или на Instagram.

Фондацијата IPKO, фондацијата Share и Dokufest им се заблагодаруваат на нашите одлични говорници, персонал, волонтери и пред сè на главните поддржувачи на DOKU:TECH за нивната поддршка во остварувањето на оваа уникатна конференција во Косово.

До следната година, развивајте технологии, креирајте и градете подобра иднина, а таа иднина ќе ви биде претставена на DOKU:TECH 2016!

Галерија:

DOKU:TECH Ден 1

DOKU:TECH Ден 2

Извор: IPKO Foundation (24.08.2015). DOKU:TECH 2015 Brought the Future Closer

Сподели: