Фондацијата Метаморфозис и Меѓународниот Институт за човекови права и мир од Каен ја организираат меѓународната конференција е-Општество.Мк на 10 декември, 2015 г. во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје. Ова е 11-та последователна конференција е-Општество.Мк, а темата на овогодишната конференција е „Слобода и приватност на интернет”.
Конференцијата ќе опфати теми како што се човековите права како основа на современото општество, слобода на изразување, говор на омраза на интернет и приватност. Во рамки на конференцијата ќе се одржат и неколку работилници.
Доколку сакате да присуствувате на конференцијата, ве молиме регистрирајте се пополнувајќи го формуларот.
Нацрт-агенда
Кликнете на сликата за преглед на агендата.
Организатори на настанот: |
Во рамките на: |
|
Партнери и поддржувачи: |
||
Сподели: