Четвртото издание на Европската недела на кодирање ќе се одржи за помалку од пет месеци! Од 15-ти до 23-ти октомври, милиони деца, млади, возрасни, родители, наставници, претприемачи и креатори на политики повторно ќе се соберат на настани во училници и библиотеки ширум Европа и пошироко за да кодираат.

Европската недела на кодирање е граѓанско движење водено од волонтери кои промовираат кодирање во нивните земји како амбасадори на Европската недела на кодирање. Лани, повеќе од половина милион луѓе учествуваа на околу 8000 настани за кодирање во 46 земји ширум Европа и пошироко. Годинава, неделата на кодирање се здружи со Public Libraries 2020 (Јавни библиотеки 2020), мрежа од 65.000 локални библиотеки во ЕУ. Тие се стремат да организираат „катчиња за кодирање“ или работилници за кодирање во локалните библиотеки ширум Европа.

Треба да го забрзаме надградувањето на дигитални вештини, вклучувајќи го и кодирањето. Ако сакате да сте успешни во својата работа, во својот бизнис и во секторот за производство, Вие мора да имате портфолио со дигитални вештини. Европската недела на кодирање нуди можност за учење дигитални вештини кои се клучни на пазарот на трудот – Гунтер Х. Отингер, Комесар за Дигитална Економија и Општество.

Како и во 2015 година, училиштата се поканети да организираат настани за кодирање под капата на предизвикот наречен CodeWeek4All (Недела на кодирање за сите) во кој ќе вклучат колку е можно повеќе ученици и студенти. Училиштата во кои ќе има барем 50% одзив за учество ќе добијат Certificate of Excellence in Coding Literacy (Сертификат за извонредна кодирачка писменост). Шестотини училишта учествуваа во предизвикот минатата година, а сертификати за извонредност добија преку двесте училишта.

Потпретседателот на Digital Single Market Андрус Ансип изјави: „Дигиталните вештини се клучни за секого во 21-от век. Кодирањето е забавен и привлечен начин да научите за ИТ технологијата и да кодирате во средина во која владее соработка. Годинава, мораме да бидеме сигурни дека сите во Европа ќе можат да учествуваат во неделата на кодирање – и затоа партнерствата со локалните и регионалните власти, јавни библиотеки и здружени на млади се добредојдени“.

Алесандро Болиоло, координатор на амбасадорите на неделата на кодирање изјави: „Кодирањето ги претвара интуиците во решенија, идеите во иновации. Компјутерското размислување го ослободува потенцијалот за креативност. Не се работи за технологија, туку за лична надградба. Не пропуштајте ја можноста да научите да кодирате за време на Европската недела на кодирање 2016 и споделете ја возбудата со Вашето семејство, ученици, студенти, пријатели како и со милиони луѓе ширум светот“.

Европска недела на кодирање – придружи се и кодирај на свој начин!

Секој може да создаде со код. Ги повикуваме сите училишта, деца, програмери, млади луѓе, родители, наставници, бизниси да ги разгледаат нашите прирачници и да почнат да го планираат својот настан. Не заборавајте да го додадете својот настан на мапата на неделата на кодирање http://codeweek.eu.

  • Децата/тинејџерите/возрасните може да учествуваат на настани за кодирање и да организираат свои настани за да им покажат на другите како се создава со код.
  • Програмерите може да организираат работилници во локалните училишта, хаклаборатории, или опшествените центри
  • Наставниците може да држат часови по кодирање, да ги споделуваат плановите за час, да организираат работилници за колеги, да поканат обучувачи и родители кои знаат да кодираат за да го споделат своето искуство и да учествуваат во CodeWeek4All предизвикот
  • Родителите можат да ги охрабрат своите деца да учествуваат во работилница за кодирање
  • Бизнисите и непрофитните организации може да одржат работилници за кодирање, да ги „позајмат“ своите вработени како обучувачи во акцијата „враќање во обучувањето“, да организираат забавни предизвици со кодирање за студенти и да понудат спонзорство за настани за кодирање
  • Сите кои ќе учествуваат во некоја активност со кодирање може да го споделат своето искуство и да инспирираат другите!

Зошто да се научите да кодирате?

Живееме во свет кој е зафатен од брз развој на технологијата. Начинот на кој што работиме, комуницираме, пазариме и размислуваме е драматично променет. За да се сносиме со овие брзи промени и светот околу нас да има смисла, ние не само што треба да го развиеме нашето разбирање за тоа како технологијата работи, туку треба и да развиеме вештини и способности кои ќе ни помогнат да се адаптираме на животот во новата ера.

Учењето кодирање ни помага да изградиме слика за тоа како работите работат, да истражуваме идеи и да создаваме работи како за забава така и за работа. Уште повеќе, кодирањето ни помага да ја ослободиме нашата креативност и да соработуваме со прекрасните луѓе блиску до нас и ширум светот. Близината на кодирањето до сите е важно, а Европската недела на кодирање се стреми да вклучи исто толку девојчиња и жени колку што има момчиња и мажи. Во 2015 година, околу 50% од учесниците на настаните за кодирање беа девојчиња!

Кодирањето е Вашиот чекор напред кон дигиталните вештини за работа и живот

Нашата економија и нашето општество бараат да поседуваме барем основни дигитални вештини. Без разлика како го живеете животот или каква работа имате, дигиталните вештини и кодирањето се или ќе бидат дел од Вашиот живот или работа. Плус тоа, ИКТ професионалците се главен столб на модерната работна сила во сите сектори на европската економија. Побарувачката на годишно ниво расте за 3%, а бројот на дипломирани по информатички науки не може да се носи со ваквата побарувачка. Затоа, многу отворени работни места за ИКТ професионалци не може да се пополнат, и покрај високата невработеност во Европа. Ако не го адресираме овој проблем соодветно на европско и национално ниво, ние може да се соочиме со недостиг од околу 800.000 ИКТ професионалци до 2020 година.

Малку повеќе за Европската недела на кодирање

Европската недела на кодирање првпат се одржа во 2013 година во огранизација на Младите советници за Дигиталната агенда на Европската Комисија, и таа зема сѐ поголем замав. Европската Комисија ја поддржува Европската недела на кодирање како дел од својата стратегија за Digital Single Market. Исто така, Европската Комисија ќе претстави дигитални вештини за време на иницијативата за вештини во јуни 2016 година.

Иницијативата ја ужива поддршката на движењата за кодирање и едукација како CoderDojo и RailsGirls. Под капата на Grand Coalition for Digital Jobs (Големата коалиција за дигирални работни места), Мајкрософт, САП, Либерти Глобал и Фејсбук заедно со European Schoolnet (мрежа од 31 Министерство за образовение) ја започнаа EU Coding Initiative (Европската иницијатива за кодирање), и многу партнери на Големата коалиција организираат настани за време на Европската недела на кодирање.

Инспирирана од Европската недела на кодирање, Африканската недела на кодирање се организира по вторпат, по успешниот старт во 2015 година со околу 80,000 деца и млади кои кодираа низ целиот континент. Водена од мултиакционерско партнерство, Африканската недела на кодирање ќе се одржи во 10 африкански земји со илјадници настани за кодирање наменети за деца и возрасни.

Корисни линкови

Веб страницата на Европската недела на кодирање

Предизвикот CodeWeek4All

Твитер: @codeWeekEU Хаштаг: #codeEU #DigitalSkills

Фејсбук: codeEU

Контакт: Амбасадорите на Европската недела на кодирање во Вашата земја

Сподели: