dsc_9218_resize

Со герила-акција за подигнување на јавната свест против масовното прислушување, Фондацијата Метаморфозис и оваа година се вклучи во меѓународната акција „Слобода наместо страв“ (Freedom not fear).

Како дел од акцијата, комби со голема сателитска антена, кое ги симболизираше т.н. „странски служби“ и на кое пишуваше „Слобода наместо страв“, ги посети Специјалното јавно обвинителство, Македонската радио-телевизија, СДСМ и зградата во која се сместени ДИК и неколку министерства.

fnf16metamorphАктивистите на минувачите им делеа летоци на кои пишуваше „Масовно прислушување – Дирекција за безбедност и контраразузнавање. Овозможено од македонските телеком-оператори“ и налепници за мобилни телефони на кои пишуваше „Уредот се прислушува“ и „Шпиониран уред“.

fnf16dik2Меѓународното движење „Слобода наместо страв“ се залага за три основни принципи:
• Слобода на говор во дигиталниот свет и нецензуриран интернет;
• Приватност во општество базирано на знаење, наместо прислушување;
• Слободно живеење, наместо во страв.

fnf16sdsm2Меѓународните денови за акција оваа година се одржуваат од 14 до 17 октомври.

Македонија во „Слобода наместо страв“ учествува од 2008 година.

Повеќе информации за движењето на светско ниво се достапни наwww.freedomnotfear.org.

fnf16sdsm

Сподели: