Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со Фондацијата Отворено општество – Македонија, започна со спроведување на истражување за состојбата со онлајн наставата во основните училишта на територија на РСМ.

Целта на истражувањето е да се одредат состојбите, потребите, и предизвиците поврзани со наставата на далечина, за време на кризата предизвикана од корона вирусот во нашата земја. Воедно, преку истражувањето ќе се идентификуваат и научените лекции и добри практики во онлајн наставата, што ќе резултира со конкретни препораки за подобрување на состојбата.

Доколку сте дел од наставниот кадар, менаџментот, или пак дел од стручната служба во било кое основно училиште, ве покануваме да земете учество во истражувањето, преку пополнување на прашалникот достапен на овој линк (доколку линкот не функционира, ископирајте го целосниот линк во вашиот пребарувач: https://forms.gle/ZZ5LyLdREw9HUTNWA). Рок за пополнување на прашалникот е 15 јули, 2020 година. Вашето учество и придонес ни е од големо значење, а вашата анонимност во одговорите е загарантирана. Добиените податоци единствено ќе се користат за целите на истражувањето. Ви благодариме на искрените одговори!

Сподели: