Почитувани,

во текот на претходната учебна 2020/2021 одржавме серија онлајн обуки – вебинари, сите на теми кои веруваме им беа потребни на наставниот кадар, родителите/старателите на деца кои следеа настава на далечина, стручните служби и менаџментот на училиштата во нашата земја.

 

На истите имавте можност да се вклучите и во живо, преку коментари, e-mail пораки, и дел од вас ја искористија оваа можност. Онлајн настаните беа снимени, и снимките се достапни за прегледување на нашата Facebook страница: https://www.facebook.com/oermacedonia

Покрај тоа, сите ресурси кои ги создаваме секогаш се лиценцирани со отворена, Криејтив Комонс лиценца, односно, тие се слободни за употреба, модификување, и споделување со единствено почитување на условот за наведување на извор. Во продолжение можете да ја погледнете кратката визуелизација на најважните податоци кои произлегоа во текот на спроведувањето на проектот, заклучно почетокот на овој месец.

Сподели: