На 7 јули 2023 година ќе се одржи јавен настан „Партнерство за отворена власт – Дијалог за Националниот акциски план 2024-2026“ за отпочнување на процесот на ко-креација на шестиот национален акциски план.

Настанот ќе започне во 11:00 часот во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија и на платформата Zoom.

Присутните на овој настан ќе имаат можност да се информираат за придобивките од процесот на Партнерство за отворена власт и важноста на вклучување на сите заинтересирани страни во овој процес, чекорите за подготовка и приоритетните области кои ќе бидат опфатени во новиот акциски план.

Фондацијата Метаморфозис е координатор на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт која претставува структура за координација на процесот на Партнерството за отворена власт во Северна Македонија (ПОВ) соодветно на меѓународното искуство, со цел подобрување на комуникацијата на сите вклучени страни и зајакнување на мониторингот и евалуацијата на активностите во рамките на ПОВ.

Сподели: