Фондација Метаморфозис, како дел од активностите во рамките на проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во Република Северна Македонија“, поддржан од Фондација Отворено Општество – Македонија, одржа две обуки за претставници на граѓанските организации.

Обуките се одржаа на 16 и 20 февруари 2024 година во Скопје и на нив учествуваа вкупно 35 претставници на граѓански организации. На еднодневните обуки, претставниците на граѓански организации беа запознаени со основите на Индексот на отвореност.

Во текот на обуката, учесниците се здобија со знаење за пристапот до информации од јавен карактер, транспарентноста на институциите од јавниот сектор и отворените податоци; интегритетот на јавните институции и улогата на невладините организации во градењето на институционалниот интегритет на јавните органи, како и на стратешкото планирање.

Активностите се дел од проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“ кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија.

Сподели: