Фондација Метаморфозис активно работи на подобрување на транспарентноста и отчетноста на институциите на централно и на локално ниво и како дел од проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“, спроведува активности за унапредување на отвореноста на институциите преку истражување, развој на капацитети и развој на алатки.

Фондација Метаморфозис учествуваше во работната група и овозможи техничка поддршка за подготовка на новата Стратегија за транспарентност и седма година по ред ја следи отвореноста на институциите преку Индексот на отвореност. Индексот на отвореност е композитен сет на индикатори што ги оценува перформансите на извршната власт во областа на доброто управување со фокус на четири столба: пристапност, свест, интегритет и транспарентност, со хоризонтална тема – отворени податоци.

Фондација Метаморфозис планира две основни еднодневни обуки за претставници на граѓанските организации, кои ги промовираат принципите на Индексот на отвореност. Првата обука е планирано да се одржи на 16 февруари во Скопје, додека втората обука се планира за 20 февруари во Скопје. За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје ќе бидат подмирени патни трошоци во висина на повратен автобуски билет.

Целта на обуките е да ги запознаат претставниците на граѓанските организации со основите и начелата на Индексот на отвореност.

Формуларот за пријавување е достапен на следниот линк.

Пријавувањето на учесници е до понеделник (19-ти февруари), 14 часот. Пријавените учесници ќе бидат селектирани во еден од двата термини според редоследот на пријавување.

Активностите се дел од проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“ кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија.

Сподели: