Фондацијата Метаморфозис распишува конкурс за отворено работно место Програмски асистент.

Потенцијалните кандидати/кандидатки треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • ВСС од области поврзани со дејноста на фондацијата
  • Искуство во организирање и држење обуки
  • Одлична вербална и пишана комуникација на македонски и англиски јазик
  • Напредни компјутерски вештини (познавање на апликации за канцелариско работење, ажурирање на веб-сајтови, работа со софтвер за мултимедијална обработка и користење на социјални медиуми за промоција)
  • Способност за тимска работа на проекти
  • Функционална возачка дозвола

Познавање на албански или француски јазик ќе се смета за предност.

Потребна документација:

  • Писмо за мотивација
  • Работна биографија (CV)
  • Препораки од претходни работодавци и професори

Краен рок за поднесување: 29.10.2010 во 16 часот. Пријавите треба да се испратат исклучиво по е-пошта на адресата info[at]metamorphosis.org.mk.

Сподели: