Некои од фотографиите беа избор на повеќе членови од жирито, додека останатите беа избрани по вкус на секој од членовите поединечно.

Овде можете да видите кои фотографии влегоа во потесниот круг. Од нив, повторно по пат на гласање и рангирање, ќе бидат избрани најдобрите 5 кои ќе добијат криејтив комонс маици, додека онаа фотографија што ќе освои најмногу поени, ќе му овозможи на нејзиниот креатор добивање на главната награда – мобилен телефон. Конечните резултати ќе бидат објавени наскоро.

Кријетив комонс конкурсот кој започна на почетокот на летото, ја имаше темата лето и траеше до неговото завршување, имаше за цел да го поттикне споделувањето на што повеќе оригинални содржини создадени од македонски артисти и артисти-аматери. Вакви конкурси ќе бидат организирани и во иднина. 

Сподели: