Фондацијата Метаморфозис е новиот координатор на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт која претставува структура за координација на процесот на Партнерството за отворена власт во Северна Македонија (ПОВ) соодветно на меѓународното искуство, со цел подобрување на комуникацијата на сите вклучени страни и зајакнување на мониторингот и евалуацијата на активностите во рамките на ПОВ.

Од воспоставувањето на Мрежата за ПОВ, во пресрет на подготовката на петтиот Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 година (НАП за ПОВ 2021-2023 година), Мрежата за ПОВ учествува и придонесува во структурата за координација и мониторинг на развојот и спроведувањето на НАП за ПОВ 2021-2023 година.

Фондацијата Метаморфозис, како координатор на Мрежата за ПОВ, претседаваше со седницата на Управниот комитет на Мрежата за ПОВ, која се одржа на 24 февруари 2023г., а на која беше донесена Одлука за распишување ОТВОРЕН ПОВИК за изразување на интерес за членување на еден претставник од заинтересирани граѓански организации во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 година.

Сподели: