Парагвајскиот Сенат ќе гласа за усвојување на предлог-законот за задржување податоци – еден од најлошите предлог-закони против пиратство во Парагвај. Предлог-законот ќе ги принуди интернет-провајдерите да задржат (за период од 12 месеци) информации за тоа кој комуницира со кого, колку време и од каде, доколку се користи мобилен телефон или каков било уред што се поврзува на интернет. Тоа ќе им дозволи на властите да имаат пристап до овие податоци со судски налог, обезбедувајќи гео-локациски информации со кои се открива движењето на Парагвајците.

Предлог-законот, наречен „Pyrawebs“, е голема работа: наредбата за задржување податоци е непропорционална мерка што треба енергично да се одбие. Со само 48 часа за поддршка на нашите пријатели од TEDIC за да се запре усвојувањето на овој предлог-закон, EFF бара итна поддршка од вас преку:

1. Потпишување на отворено писмо: потпишете го отвореното писмо до парагвајскиот Сенат (само НВОи). Ова писмо ќе се објави во четврток наутро пред гласањето за предлог-законот во парагвајскиот Сенат. Целиот текст од отвореното писмо може да го испратите потпишано до Дејвид Богадо: davidbogado@eff.org.

2. Распространување информации за проблемите со Pyrawebs: користете го хаштагот #Pyrawebs.

Повеќе информации:

 

Сподели: