Фондацијата Метаморфозис ќе учествува на tOSSad работилницата за прашања поврзани со владеење, образование, употребливост и право при прифаќањето на слободниот софтвер во проширена Европа која се одржува во Комо, Италија на 10 јуни 2006г. Метаморфозис ќе го претстави истражувањето „Предизвици и пречки: Користење на слободен и софтвер со отворен код во локалните самоуправи во Македонија“ (Challenges and obstacles: Usage of Free and Open Source Software in local government in Macedonia)

Главната цел на оваа работилница на средбата OСС 2006 е да ги интегрира и да ги разгледа веќе формираните методологии, стратегии, вештини и технологии во доменот на слободниот софтвер за да им помогне на владините тела, образовните институции и малите и средни претпријатија да ги споделат резултатите од истражувања, да воспостават меѓусебна соработка, да градат партнерства и да пронаоѓаат во проширена Европа.

tOSSad е ФП6 проект на ЕУ финансиран под ИСТ-3. Има за цел да ги подобри резултатите на заедниците на слободен софтвер низ Европа преку поддршка на координирањето и вмрежувањето на овие заедници преку најмодерни студии, иницирање програми на национално ниво, случаи на употребливост, развој на курикилими и имплементирање на портал за меѓусебна размена на информации и заедничка апликација на интернет. Со спроведување на овие активности на меѓународно европско ниво со вклучување на земјите-кандидати за членство и новите земји-членки на ЕУ, проектот делува во насока на општо прифаќање и координирано поттикнување на развојот на слободниот софтвер. Конзорциумот на проектот го сочинуваат 19 институции-партнери од 15 земји од Европската Унија.

Сите трудови од конференцијата се веќе достапни во форма на
е-книга на следниот линк:
http://www.tossad.org/tossad/events/tossad_2006/proceedings

Сподели: