Извор: Феминизам и технологија | поткаст “Добриот робот”

“Добриот робот” е феминистички и технолошки поткаст создаден од д-р Елинор Дрејџ и д-р Кери Мекинерни каде што ги прашуваат експертите: што е добра технологија? Дали е воопшто возможна „добрата“ технологија? И како може феминизмот да ни помогне да работиме кон истата? Секоја недела, тие покануваат научници, индустриски практичари, активисти и ја изнесуваат својата уникатна перспектива за тоа како може да придонесе феминизмот во технолошката индустрија и за начинот на кој размислуваме за технологијата. Со секој разговор, “Добриот робот” прашува како може феминизмот да обезбеди нови перспективи за најголемите проблеми на технологијата.

Во епизодата „Можете ли да ги поседувате вашите податоци?“, д-р Елинор Дрејџ и д-р Кери Мекинерни зборуваат за тоа што е дигитален суверенитет и што значи тоа за вас и вашите податоци. Тие разговараат за овие прашања со граѓански активисти и активисти за дигитални права од Европа и Западен Балкан, меѓу кои и Фондацијата Метаморфозис претставена преку Мила Јосифовска Даниловска, програмски менаџер за социјална одговорност и човекови права онлајн.

„Кога станува збор за добра технологија или „технологија за добро“, секогаш би рекла дека тоа е граѓанско-центрична технологија која се заснова на потребите и приоритетите на граѓаните со примарна цел подобрување на нивните животи. Сега, се разбира, исто така треба да биде достапна како што моментално не е (за секого), транспарентна во начинот на кој е произведена, начинот на кој функционира, лесна и разбирлива за корисниците, но и инклузивна во сите нејзини процеси: од мапирањето на потребите, до процесите на дизајнирање, до тоа како ќе функционира, и не треба да биде дискриминирачка кон ниту една група, туку треба да биде отворена за разновидна плејада на засегнати страни кои би можеле да имаат корист од неа.” – споделува Јосифовска Даниловска.

Послушајте го целиот поткаст тука.

Сподели: