Политиката доминира во македонските медиуми. Тоа го покажа последната анализа на содржините достапни преку веб-пребарувачот Најди!.
Mакедонскиот пребарувач Најди!, во соработка со Фондацијата Метаморфозис, ги претставува медиумските зборови на годината – зборови чие користење во медиумите (*) најмногу се зголемило во тековната 2004 година во споредба со минатата година. Ранг листите на зборовите се дадени за категориите на често и поретко користени зборови, како и категорија на зборови кои биле минимално застапени во минатата година. Дополнително, дадени се и ранг-листи на личностите за кои најмногу се зголемил или намалил медиумскиот интерес во 2004 година.
Од резултатите дадени во прилогот јасно се гледа (пре)застапеноста на политиката во медиумите во 2004 година. ЛОИ во Атина и новиот фудбалски прволигаш (Брегалница) Краун се единствените зборови на листите кои не се поврзани со политички настани или личности.
* Споредбата е направена на основа на текстовите објавени на сајтовите на дневните весници Вест, Дневник и Утрински Весник, телевизијата А1 и порталот Идивиди. Критериумот за избор на сајтови беше сајтовите да содржат архива за целата 2003 и 2004 година, како и да имаат објавено значаен број на текстови. Споредбата е направена за текстови објавени од 1 јануари до 27 декември 2004 година, во споредба со текстови објавени во текот на целата 2003 година.
За повеќе информации обратете се до Најди на contact@najdi.org.mk или до Метаморфозис (info@metamorphosis.org.mk, тел. 3109 325).
Целосен текст на анализата на содржините достапни преку веб-пребарувачот Најди! (ворд документ, 130КБ)
Сподели: