Хејли Бебкок, координатор за застапување, од Computer Aid ќе го одржи тренингот. Тренингот има за цел на партнерските организации од балканските земји да овозможи алатки и вештини за застапување во полето на раководењето со е-отпад и да им овозможи потоа тие да го пренесат стекнатото знаење на соодветните национални мрежи во своите земји.
Покрај партнерите од проектот, два надворешни експерти ќе присуствуваат на тренингот, кои преку презентации на својата работа и интерактивни работилници ќе го пренесат своето знаење и искуство во областа. Експертите кои ќе присуствуваат на тренингот се Стефан Ардит – советник за политики за отпад, European Environmental Bureau и Дејвид Рочат, поранешен вработен во EMPA, а моментално консултант во SOPHIES.
Сподели: