Извештај од настанот, презентации и фотографии, може да погледнете на следниот линк.

Локалната канцеларија на Мајкрософт Македонија заедно со Фондацијата Метаморфозис го организираат денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот „Бидете иницијатор на промени“. Настанот ќе се одржи на 20 март во просториите на Скопски саем, Дипломатик сала со почеток од 10 часот.

Денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот ќе им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор преку интерактивна програма да ги подобрат своите ИКТ вештини, но и да дознаат повеќе за употребата и можностите кои ги нуди Мајкрософт преку програмата Youthspark и апликациите за Сајбер грантови. Присутните претставници на граѓанскиот сектор ќе имаат можност и да дискутираат околу употребата на технологијата и социјалните мрежи за постигнување на подобро онлајн присуство и достапност до граѓаните.

За учество Ве молиме пополнете го следниот формулар.

ngo-connection-day-header

Во продолжение следува агенда на настанот:

10.00-10.15 Отворање на настанот [Стефан Плавјански, генерален менаџер на Мајкрософт Македонија и Косово, и Бардил Јашари, директор на Фондацијата Метаморфозис]
10.15-10.45 Воведно обраќање: Како невладините организации можат да имаат корист од новите технологии [Елена Игнатова, проектен координатор во фондацијата Метаморфозис]
10.45-11.15 Создаваме вистински влијанија за подобро утре: Microsoft YouthSpark. Презентација на Програмата на Microsoft за донирање софтвер [Влора Адеми, програмски менаџер за образование во Мајкрософт Македонија и Косово]
11.15-11.45 Кафе пауза
11.45-12.30 Друштвени медиуми за општествена полза [Тамара Ресавска, проектен координатор во фондацијата Метаморфозис]
12.30-13.15 Технологија за НВОи: Соработка преку интернет [Мајкрософт Македонија]
13.15-13.30 Завршни коментари
13.30-14.30 Ручек

Патните трошоци ќе бидат надоместени за еден претставник по организација, а во висина на повратна автобуска карта.

Хаштаг за настанот е: #msngoMK

Сподели: