Настанот се организира во Центарот за конференции и студии во склоп на Народната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Скопје. На настанот ќе гостуваат претставници од релевантни министерства од Албанија и од Македонија, како и од училишта и високо-образовни институции. Целта е да се споделат искуствата и практиките помеѓу двете земји што може да вроди со нови идеи и соработки, а фокусот особено ќе биде на е-учењето и развојот на алатки за учење и споделување образовни содржини на интернет.

Настанот е дел од проектот „Градење на меѓународни најдобри практики за подобрување на е-учењето во Албанија“, кој го имплементира Центарот АЛТРИ од Албанија. Проектот е поддржан од програмата Исток-исток преку Фондацијата отворено општество Албанија. Организатор и домаќин на настанот е Метаморфозис.

Сподели: