Фондацијата Метаморфозис, IFEX и Global Voices организираат заедничка, неформална средба на која ќе се дискутира за моделите на отчетност на институциите при следењето на комуникациите како интегрален дел од системот за национална безбедност.

Експерти, активисти и професори ќе ги споделат своите искуства и совети за тоа како да се дизајнира соодветен модел за отчетност на институциите.

Средбата ќе се одржи на 26 септември 2019, од 15:00 до 16:30 часот во кафе бар Цреша.

 

Сподели: