На 1 и 2 март 2006г. во просториите на Фондацијата Метаморфозис се одржа обука на тема „Мониторинг на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации“. Предавач беше консултантот на Иницијатива за правда, Томас Карсон, експерт за мониторинг на слободен пристап до информации, а на обуката присуствуваа Неда Коруновска и Данче Даниловска од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), Весна Гогова од здружението Промедија и Бардил Јашари и Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис.

Обуката е дел од активностите во рамките на проектот „Слободен пристап до информации“ на ФИООМ. Фондацијата Метаморфозис учествува во проектот преку изготвување на он-лајн канцеларија за помош за слободен пристап до информации.

Сподели: