Зошто треба да бидете загрижени за својата дигитална безбедност, надгледување и релации на моќ, модели на закани, шаблони на препознавање и лозинки беа само дел од темите на обуката за дигитална безбедност која се одржа во просториите на Фондација Метаморфозис на 19 август.
Тренер беше Алексеј Сидоренко од руската граѓанска организација „Теплица за социјални технологии“ чија мисија е да развие граѓански апликации, да поврзува граѓански активисти и познавачи на ИТ технологии.
Учесници на обуката беа претставници на Фондацијата Отворено Општество Македонија, Фондацијата Метаморфозис, Порталб, Мета.мк и Сервисот за проверка на факти во медиумите.
Сподели: